Петти договор на ЕК за анти-ковид вакцина: Параф и со „КјурВак” за набавка на преку 400 милиони дози

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Европската Комисија (ЕК) го одобри договорот со европската фармацевтска компанија „КјурВак“ со кој се предвидува првично да бидат набавени 225 милиони дози од вакцината против ковид-19, со можност за испорака на дополнителни 180 милиони дози, кога вакцината ќе биде безбедна и ефикасна.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, изјави дека досега се обезбедени 1,2 милијарди дози од потенцијалната вакцина против ковид-19 и нагласи дека механизмот „Ковакс” работи на обезбедувањет на вакцини за другите земји со низок и среден приход за да се осигура дека квалитетните и безбедни вакцини брзо ќе бидат достапни до сите.

Договорот со „КјурВак” е петти договор потпишан од ЕК во име на земјите-членки со фармацевтски компании со цел да се обезбеди широк спектар на вакцини што треба да се произведуваат во Европа. Претходно беа потпишани договори со „АстраЗенека”, со „Санофи”, со „Јансен Фармаси” и со „Фајзер”.

Завршени се и прелиминарните разговори за набавка на 160 милиони дози вакцина, што ќе ги произведува компанијата „Модерна”, која досега покажала успех од 94,5 проценти во клиничките испитувања.

Ова разновидно портфолио од вакцини ќе обезбеди Европа да биде добро подготвена за вакцинирање, кога вакцините ќе се покажат безбедни и ефикасни. Земјите-членки, исто така, можат да одлучат да ја донираат вакцината на земји со ниски и средни примања или да ги пренасочат кон други европски земји, наведува Европската комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот