Петта жртва на коронавирусот во Италија

Фото: EPA-EFE/XIONG QI

Корона вирусот сè поблиску до Македонија

Во Италија почина и петтата жртва на новиот коронавирус, соопшти денеска шефот на државната служба за цивилна заштита Анџело Борели.

Моментално во оваа земја 219 лица се заразени со вирусот, објави агенцијата „Анса“. Бројот на заболени е двојно зголемен за само 24 часа, а Министерството за здравство е загрижено затоа што сè уште не е откриен пациентот кој го донел вирусот во земјата.

Според статистиката, во Италија има најголем број заболени и жртви на ниво на цела Европа.

Починатите се повозрасни луѓе кои имале други болести и се наоѓале во тешка здравствена состојба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот