Петстотини млади спортисти добија стипендии од Министерството за спорт

Фото: Пингпонгарска федерација

Министерот за спорт Борко Ристовски во Македонската опера и балет вчера ги додели петстоте спортски стипендии „Спортска надеж“. Добитниците на стипендиите се избрани од повеќе колективни и индивидуални спортови и ќе добиваат стипендија во вредност од 20 отсто од просечната плата во претходната 2023 година, или околу 8.000 денари месечно.

Ристовски истакна дека му е чест и задоволство што како министер за спорт е во можност да додели финансиска помош на 500 деца.
Тој смета дека овие стипендии ќе бидат од голема помош за спортистите во нивниот развој во спортот со кој се занимаваат, независно дали е олимписки, неолимписки, индивидуален или колективен спорт.

Министерот додаде дека е направено прочистување на списокот на деца кои досега земале стипендии, откако Министерството согледало дека има добитници на спортски стипендии кои воопшто не се занимаваат со спорт.

„Овие стипендии ги доделуваме по предлог од матичните федерации. Ова е само еден континуитет кој сакаме да го задржиме со федерациите, нашиот однос да се заснова на резултати, доверба и нулта можност за корупција. Стипендијата е со важност од една година, но се надеваме дека идната година ќе биде поголема или пак може ќе успееме да направиме модел кој ќе даде подобри резултати. Ние веќе направивме и едно прочистување на списокот на деца кои земаат стипендии, годинава 48 деца помалку добија стипендија, затоа што се покажа дека тие се фиктивно внесени во списоците и не се занимаваат со спорт“, изјави Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот