Петрушевски: Набркани се искусни медицински сестри од кумановската болницата и заменети со кадри на ДУИ

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ / Утрински брифинг

Пратеникот Бране Петрушевски обвини дека медицински сестри се набркани од работа од Здравствениот дом во Куманово, само затоа што се Македонки и на нивно место се вработени кадри на ДУИ.

– ДУИзација на Куманово! Четири искусни медицински сестри набркани од работа само затоа што се Македонки. Имено, во Здравствениот дом во Куманово се распишал оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено. Локалните СДС и ДУИ се договориле 6 вработувања да бидат нови од ДУИ, а 4 од СДС, кои веќе 4 години работеле таму по договор. Директорот, поставен од ДУИ си ги вработува сите 10 од ДУИ, според мои извори, со поделени 10 веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите 10 вработени треба да се Албанки. По овој настан, претседателот на ОО на СДС Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема – објави Петрушевски на Фејсбук.

Сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додава тој, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ.

– Ги повикувам надлежните институции да го испитаат овој случај, да се поништи огласот и да се вработат стручни, квалитетни и искусни медицински сестри во Здравствениот дом Куманово – апелира пратеникот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот