Петрушев второпласиран на Европскиот кајак куп (ФОТО)

facebook.com/Macedonian-Canoe-Federation

Македонскиот најдобар натпреварувач Петрушев го освои второто место од вкупно 60 учесници на патеката.

Другите наши претставници Христијан Игнатов, Стефан Рибарски и Коце Игнатов не се пласираа во финалните возења.

facebook.com/Macedonian-Canoe-Federation

Петрушев заостана скоро два и пол секунди зад првопласираниот Ј. Лочникар од Словенија, а на подиумот заврши уште еден Словенец, А. Маролт.

Претходно нашите млади кајакари учествуваа и во дисциплината слалом, во категоријата У16 трет беше Петрушев, а во категоријата на помлади пионери У14, Рибарски дојде до осмото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот