Петровски: Влезот во НАТО носи сигурност кај граѓаните, а државите ја остваруваат својата безбедност

Околу можностите кои се отвараат со влезот во НАТО, Петровски смета дека не треба да се сфати влезот во НАТО како нешто што е од денеска или пред некоја година.

Кои се придобивките на Македонија со зачленувањето во НАТО? Знае ли нашата држава и дали јавноста е запознаена што значи ова зачленување, на оваа тема говори гостинот во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, генералот, Димче Петровски.

– Најважна работа во било кое општество е да се создаде една состојба на безбедност, каде граѓаните без чувство на загрозеност да си ги остваруваат своите потреби и работни обврски. Безбедноста да ја чувствуваат и институциите и да имате пријатели и надвор од границите. На тој начин заедно да направите еден безбедносен сојуз кој ќе ја направи состојбата уште покомпактен. Затоа и државите влегуваат во таквите безбедносни сојузи. Знаеме дека НАТО е воено-политички безбедносен сојуз и основна причина поради која државите влегуваат е да си ја остварат својата безбедност- вели во „Утрински брифинг“, генерал Димче Петровски.

Околу можностите кои се отвараат со влезот во НАТО, Петровски смета дека не треба да се сфати влезот во НАТО како нешто што е од денеска или пред некоја година.

-Ние во НАТО сме долго време присутни. НАТО за сите држави кои се декларираа дека сакаат да влезат во Сојузот направи еден акционен план за членство. Тоа е нивен документ во кој што стои дека секој оној кој сака да влезе мора да направи подгвотовки. Некои тоа го направија за пократок период, ние заради некои непринципиелни причини подоцна. Битно е што добиваме право на глас. Де факто сме, а сега и де јуре. Одлуките таму се носат со консензус, така и ние ге бидеме дел од тој консензус- вели генералот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот