Петровски: Имаме добар резултат, сè ќе биде одлучено во Битола! (ВИДЕО)

фото: seha-liga

– Натпреварот беше полн со загубени топки и сигурен сум дека можеме подобри – вели новиот тренер на битолчани, Жељко Бабиќ.

Еурофарм Пелистер загуби од Нексе со 23:20 во првиот натпревар од осминафиналето во СЕХА Газпром лигата кој се одигра во Хрватска.

Реванш мечот ќе се игра во Битола на 12 февруари, а победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе игра против актуелниот регионален шампион Вардар.

Жељко Бабиќ, тренер на Еурофарм Пелистер:

– Заслужена победа на Нексе кој што покажа одлични перформанси и беше подобар противник на теренот. Натпреварот беше полн со загубени топки и сигурен сум дека моите играчи можат подобро. Имавме силни перформанси, одигравме добро во одбраната, но не и во нападот.

Михаил Петровски, ракометар на Еурофарм Пелистер:

– Еден тежок, тесен меч. Бевме статични во нападот со многу загубени топки, грешки. Како и да е, можам да кажам дека резултатот е добар за нас и сè ќе биде одлучено на возвратната пресметка во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот