Петровска: Во „Рекет“ останаа доста неодговорени прашања, не сум сигурна колку правдата е задоволена (ВИДЕО)

Многу е важно предметите со финансиска истрага да бидат завршени како што треба, до крај, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Натали Петровска од Коалицијата сите за правично судење.

-Многу е важно во случаи како „Рекет“ да се истражи почетокот и да се укаже патот на парите кои се тврди дека се пуштени во оптек. Во овој случај особено беше важна правната квалификација. Обвинителството тврдеше дека обвинетиот Бојан Јовановски има стекнато противправно имотна корист но меѓутоа успеа да докаже дека има трошено на материјани добра, а не дека ги има пуштено во оптек и понатаму да се користи со средствата, вели Петровска.

Според Коалицијата, во предметот „Рекет“ останаа доста неодговорени прашања се отвори простор за дискусија.

-Дополнително, пристапот до докази на одбраната во текот на постапката беше ограничена и одбраната немаше простор да се спротистави на доказите, особено во насока на вештачење на телефонските уреди на обвинетите. Тие понатаму не беа ни во фокусот. Од самиот почеток на постапката, лицето кое се јави како сведок постави дилеми од причина што истиот се јави како пријавител на целиот овој предмет. Ги дал финансиските средства а понатаму својството на оштетен го немаше. За нас предизвика најмногу дилеми тоа што се работи за предмет со финансиски криминал. Патот на парите, односно каде завршиле, за жал од Обвинителството видовме многу малку оправдување за некои од средствата кои успеале да ги поврзат. Не знам дали конкретно може да се поврзат она што беше надјено во домот на специјалната обвинителка со конкретно оние милион и пол евра, анализира Петровска.

Според Коалицијата сите за правично судење, потребата на обвинителката Вилма Русковска, да побара проширена конфискација, институт кој овозможува запленување на имот, а во овој предмет отсуство на докажување на текот и следењето на парите, сметаат дека е несоодветно.

-Особено што самите кривични дела кои беа опфатени, не кореспондираат со можноста за проширена конфискација, појаснува Петровска.

Од Коалицијата потенцираат и дека изминативе неколку години, просекот на изрекување казна за злоупотреба на службена положба е три години а за перење пари две години, а во овој случај има релативно високи санкции.

-Претпоставувам дека Судот како отежнителни околности ги има земено функцијата на обвинетата и пораката која сакаше да ја остави за идните потенцијални сторители на кривични дела, анализира Петровска.

Според неа, има пресуда но прашањето е дали добивме правда по однос на она што се претпоставуваше дека ќе се докаже и она што е докажано на крајот, без конкретна локација каде завршија милион и пол евра.

-Не сум сигурна колку правдата е задоволена, вели Натали Петровска, извршна директорка на Коалицијата сите за правично судење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот