Петровска: Свесни сме дека ограничувањето на движење создава многу главоболки

На правата видеосесија која се одржа во Владата говореше и заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, која информираше за движењето на земјоделците.

-Ова е навистина важно прашање, бидејќи сега започнуваат земјоделските активности и благодарение на Министерството за земјоделство добивме насоки дека треба да ги опфатиме со некаква мерка и овие граѓани, односно земјоделците- рече Петровска.

Таа истака дека се свесни за новите органичувања за движење, како и тоа, дека органичувањата создаваат многу главоболки.

-Се обидуваме со воведување на некаков ред да овозможиме секојденвниот живот да тече нормално, Земјоделците не треба да вадат дозволи доколку нивата е во неговото место каде живее, без оглед колку е оддалечена нивата од неговиот дом. Освен што важат мерките за лица на 67 години и до 18 години, тоа се оние генерални мерки- рече Славјанка Петровска.

Доколку пак, истакна Петровска, земјоделецот го напушти населеното место во кое живее, тогаш треба да се обрати во  Министерството за земјоделство каде оттаму се обраќаат до Министерството за информатичко општество, каде ќе се издаде дозволата за движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот