Петровска: Сојузничка поддршка од 78 милиони долари од САД за модерна и напредна Армија

Славјанка Петровска фото МИА

Партнерството меѓу Република Северна Македонија и САД не значи само политичка поддршка, значи и соработка и поддршка во градењето и унапредувањето на способностите и капацитетите на нашата Армија, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска во врска со американската сојузничката поддршка во износ од 78 милиони долари, наменета за модернизација, опремување и унапредување на капацитетите на Армијата.

– Изминативе 30 години САД се нашиот стратешки партнер и сојузник во остварувањето на овие цели. Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги достигнеме НАТО целите на способности и ќе ни овозможат уште поинтензивно да ги развиваме нашите капацитети – да се модернизираме, да се опремуваме, да имаме посилна сајбер одбрана. Модерна и напредна Армија, вели министерката Петровска во изјавата.

Таа посочува дела Армијата нема време и во Армијата нема простор за деструкции и импровизации, бидејќи им служи на државата и на сите граѓани.

– Почитувани пријатели од САД, благодарам што ги препознавате напредните и развојни процеси во Министерството за одбрана и Армијата и ги поддржувате и токму затоа и понатаму ќе продолжиме да ги споделуваме истите вредности, истите принципи: демократски свет, заснован на меѓународен поредок кој гарантира безбедност и меѓусебно почитување, додава Петревска во изјавата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот