Петровска: Со скандалозно решение Чулев го амнестираше својот советник

Решението за Зоран Ѓорѓиевски, советник на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев со кое му е изречена дисциплинска мерка пониска плата поради нападот на началник од СВР Тетово, за дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска е скандалозно.

Таа смета дека дисциплинската постапка против советникот Ѓорѓиевски можела да резултира и со отказ, кој пак, не смеел да се изрече поради изборниот процес.

-Скандалозното решение со кое Наќе Чулев го амнестираше својот советник е спротивно на Изборниот законик, член 8 а во кој се вели дека од денот на распишување до денот на завршување на изборниот процес не смее да се започне со постапка престанок на работен однос. Со оглед на тоа дека во случајов е сторено кривично дело за кое е поднесена кривична пријава и дисциплинската постапка може да резултира со отказ, таа не смеела да биде започната. Какви советници, такви одлуки- реагира Петровска на социјалните мрежи.

Одлуката за изречената дисциплинска мерка против Ѓорѓиевски е донесена денеска, а прифатена од министерот Чулев, чиј Кабинет не прецизираше со каква мерка е казнет советникот, туку само посочи дека е најстрога казна.

Инаку, инцидентот кој се случи на изборниот ден во Тетово, започна со вербална расправија, па продолжи со физичка пресметка, која се гледа и од објавените видео снимки.

Вербални закани, навреди и пцости меѓу советникот на Чулев и началникот Талев (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот