Петровска: Поглаварот на ИВЗ да го преиспита својот став, во спротивно МВР нема да се двоуми да постапи согласно своите надлежности

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петрвоска во денешното гостување на ТВ24 ја коментираше изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, која, како што рече, предизвикала вознемиреност и кај јавноста и кај институциите.

-МВР секојдневно и интензивно ги следи и објавите во медиумите и на социјалните мрежи и навистина оваа изјава на поглаварот на Исламската заедница, мора да признаам дека и кај граѓаните и кај институциите предизвика еден вид на вознемиреност. Засега сме во комуникација со Јавното обвинителство за кривична пријава ќе одлучиме заедно, но она што сакам да го потенцираме е дека повикување или изразување на револт на мерките кои Владата ги дава во интересн на граѓните, мислам дека е несоодветно, особено што ова не е битка само на Владата, или не е битка на општеството, ова е битка на целиот свет- рече Петровска.

Мислам дека, потенцираше Петровска, секое непочитување на мерките, е непочитување на самите нас.

-Се надевам дека поглаварот како поглавар на една верска заедница, ќе го преиспита својот став. Министерството за внатрешни работи во соработка со другите институции воопшто нема да се двоуми да постапи согласно своите надлежности, односно да го заштити интересот на граѓаните кои ги почитуваат мерките кои се донесени- рече Петровска.

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи ги предупреди вицепремиерот Бујар Османи и Владата дека ако ИВЗ не добие помош од државата, тие ќе го повлечат повикот за заштита од пандемијата на коронавирус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот