Петровска: Мицкоски прави огромен притисок врз вработените за случајот „Теретана“

Извештајот е сè уште отворен за случајот „Теретана“, затоа што сомнежите кои беа пласирани на порталите беа дека Мицкоски бил во теретана во време кога тоа е забрането.

Заменичката министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска во вечерашното гостување на ТВ 24 обвини дека Христијан Мицкоски телефонски вршел притисок врз дополнителниот помошник министер на одделот на внатрешна контрола при МВР во однос на случајот „Теретана“.

– Јас жалам што се прави огромен притисок врз вработените. Нема потреба господинот Мицкоски да се јавува телефонски кај дополнителниот помошник за внатрешна котрола и да врши притисок овој случај побрзо да се заврши. За тоа имам службена белешка од дополнителниот помошник министер на одделот на внатрешна контрола дека му било јавено побрзо да се реши овој случај, бидејќи Мицкоски имал притисок од јавноста, вели Петровска.

Извештајот е сè уште отворен за случајот „Теретана“, затоа што сомнежите кои беа пласирани на порталите беа дека Мицкоски бил во теретана во време кога тоа е забрането.

-Министерот се обиде да го одбрани, но извештајот е сè уште отворен, бидејќи се вештачат хард дисковите од видео снимките. Точно е дека во извештајот на Внатрешна контрола стои дека снимката не потекнува од еден мал период од – до во месецот април. Ама сите сме сведоци дека вирусот трае март, цел април и сега. Не можете да ја затворите истрагата ако потврдите дека снимката не е од еден мал период, ако не покажете од кога точно потекнува. Токму затоа е истрагата за хард дисковите и дали нешто е бришено, вели Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот