Петровска: Инспекциските постапки даваат позитивни резултати

 Вградените филтри во “Пејпар Мил”, во асфалтната база Кооп инженеринг како и концесијата во Средно Коњаре се доказ дека инспекциските постапки даваат позитивни резултати, информираа од Државниот инспекторат за животна средина. 

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска истакна дека „Пејпар Мил” доставиле информција до Инспекторатот дека е извршена набавка и инсталација на нов филтер и план за мерење на емисиите во воздухот што ќе се извршi во период од две недели. 

-Со новиот вреќeст филтер емисиите на прашина би требало да се спуштат под 50 mg/m3, односно да бидат три пати пониски од  вредностите што во моментот се пропишани со А интегрираната еколошка дозвола. Од „Пејпер Мил” беа доставени и предлози за акредитирани лаборатории што ќе ги вршат мерењата во текот на пробната работа, а со цел постигнување на вредностите од  50mg/3, изјави директорката на ДИЖС. 

Додаде дека Инспекторатот ангажирал вештак за проверка на нивните акредитации и притоа ги утврдил методите што ќе мора да се користат при мерењата на загадувачките материи заради добивање на меродавни резултати,  

-Пејпар Мил ќе треба од Министерството за животна средина и просторно планирање да побара и добие измена на А интегрираната еколошка дозвола за да се ажурираат направените технолошки промени и да се намалат граничните вредности од 150mg/m3 на 50mg/m3, заклучи Петровска. 

Исто така, таа информира дека асфалтната база „Кооп Инженеринг”, која пред две недели доби забрана за работа, вградила филтер и ги постигнала граничните вредности со што добила дозвола да продолжи со работа. 

На денешната прес-конференција беа изнесени и изведените докази за концесијата во Средно Коњаре, Петровска рече дека Инспекторат по претходно добиено мислење од Управата за хидрометеоролошки работи, нарачал Геодетски елаборат со цел проверка на усогласеноста со ставовите 1 и 2 на член 6 од Договорот за концесија. 

Геодетските мерења кои беа неколку пати спречувани од страна на концесионерот, конечно се реализираа со полициска асистенција. Одредбите на членот 6 од договорот за концесија се следнивепрво експлоатација на минералната суровина треба да се врши надвор од крајбрежниот појас во широчина од 50 метри зад линијата на допирање на педесетгодишната вода кај нерегуларните водотеци и второ кога при вршење на експлоатација на минералната суровина и други креативности на ископување на земјиштето ќе се случи излевање на подземните води веднаш да се прекине со активностите и да се извести Министердтвото за животна средина и просторно планирање, соопшти Петровска. 

Геодетскиот елаборат донел заклучок дека концесиското поле во голем дел влегува во максималниот опфат на плавни површини при појава на големи води со веројатност на појава од 50 години што е спротивно на член 6 став 2 од договорот за концесија како и дека се снимени точките на терен кои претставуваат обиколка на водна површина и утврдено е дека на одреден дел езерцето излегува од границите на концесиското поле. 

-Во однос на копање под нивото на подземните води, со геодетско мерење не биле прибавени докази заради нестабилност на теренот, но добиено е геолошко мислење со кое се утврдува дека „Котата на подземна вода варира во текот на годината во зависност од временските услови. Постои веројатност водата што ги исполнува ископите да е поврзана со подземната вода, вели Петровска.

За неправилностите утврдени со Геодетскиот елаборат и другите документи прибавени во текот на постапката директоката кажа дека во понеделник ќе биде известено Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање како и Државниот инспекторат за техничка инспекција, а конкретно за случајот со Средно Коњаре истакна дека следните чекори зависат од Министерството за економија. 

Ние ќе ги доставиме нашите докази до сите органи кои што имале надлежност во текот на издавањето на концесијата, а пред се Министерството за економија кое и предложило во Владата издавањето на оваа концесијата, доказите кои ние сме ги собрале ќе треба да ги разгледа Министертвото за економија и да одлучи дали ќе даде предлог на Владата за раскинување на концесијата имајќи предвид дека некои од овие прекршувања сметаме дека се сериозни, изјави Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот