Петровска и Смилевски доделија подароци за полицајците од ПС Бутел

Дополнителната заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски ја посетија Полициската станица во Бутел.

– При посетата, Петровска и Смилевски, остварија средба со командниот кадар на полициската станица, при што доделија мали подароци за полициските службеници како благодарност за нивната секојдневна жртва и посветеност за безбедноста и заштита на здравјето на граѓаните, соопштија од Општина Бутел.

Од Општината упатија апел до граѓаните да ја почитуваат одлуката на денешната владина седница, за рестрикција на движење на граѓаните за време на престојниот празничен викенд, со што ќе се олесни работата на полициските службеници кои ќе бидат на своето работно место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот