Петровска: „Дрисла“ гарантираше дека безбедно ќе го складира и чува опасниот отпад

Ана Петровска
Ана Петровска / Фото: МИА

Присустував на состанокот на Министерството за животна средина со раководните лица на „Дрисла“ кога се разговараше за новата А-интегрирана еколошка дозвола на мое барање и тогаш побарав од дозволата да бидат изземени повеќе шифри за опасен отпад, но не побарав да се избришат сите шифри за опасен отпад, реагира во изјава за „Слободен печат“ Ана Петровска, поранешна директорка на ДИЖС откако актуелниот директор Сретен Стојковски ја критикуваше.

Инспекторатот ѝ забрани на „Дрисла“ да собира и складира опасен отпад

 

Петровска вели дека „Дрисла“ дала гаранција дека ќе го складира тој опасен отпад и дека тој ќе биде чуван на прописен и безбеден начин додека не се изгради соодветна постројка за негов третман и додава дека за ваквиот нејзин став постои и записник.

Петровска смета дека ваквиот приод требало да придонесе за поголема контрола над тековите на опасниот отпад за кој постои опасност несоодветно да биде третиран односно фрлан на неконтролирани депонии и да ја загадува животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот