Петровска: Денеска имаме шанса да си го вратиме Скопје на скопјани

Граѓанска иницијатива „Зелен хуман град“
Граѓанска иницијатива „Зелен хуман град“ / Фото: Фејсбук, Ана Петровска

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје поддржана од НВО „Зелен хуман град”, Ана Петровска своето избирачко право на локалните избори го искористи на гласачкото место 2659 во населбата Црниче.

– Денеска скопјани имаат шанса да си го вратат Скопје кое веќе 30 години се бетонира, се уништува зеленилото, имаме отпад на секој чекор, воздухот е загаден, водите се загадени, изјави Петровска по гласањето.

Таа посочи дека денеска скопјани имаат можност да изберат непристрасност, стручност, искреност и непоколебливост.

– Денеска имаме шанса да си го вратиме Скопје на скопјани, порача Петровска.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот