Петровска: Данела Арсовска има резервна татковина, бугарско државјанство и е почесен конзул на Унгарија

Славјанка Петровска/ Фото: СДСМ

На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Денес обелоденуваме уште една тајна, чувана и криена од Арсовска. Ова е  документот, Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство. Во „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство, изјави Славјанка Петровска на денешната прес-конференција.

„Како што изворно пишува: „Вицепрезидент на Република Блгарија с Указ номер 33 от 28.04.2011 година Е ДАЛ блгарско гражданство на Данела Арсовска“ Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина. Од кои побуди г-ѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате? За унгарските? За Бугарските? За оние на Груевски? Не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија, вели таа. 

Петровска дополнува, ова е класично потценување и навреда на скопјани.

-Зарем мислите дека скопјани ќе дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот? Даниела Арсовска, со бугарско државјанство и почесен конзул на Унгарија не проаѓа во Скопје. Странски инсталации кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат. Г-ѓо Арсовска уште колку тајни криете вие од скопјани?“, рече Петровска.

Во текот на вчерашниот ден Градската организација на СДСМ обелодени докази дека претседателката на ССК Данела Арсовска и овозможила на нејзината мајка Марика Јовановска да стане член на Државниот совет за статистика како предлог на ССК, и да зема по 10 000 денари од седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот