Петровска: Чулев избрзува, создава уште поголем хаос во јавноста

Славјанка Петровска, дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за проблемот со пасошите кој го има министерството и можното решение за привремено продолжување на важноста со печат на постоечките пасоши.

Со предвремено објавување информации за акцијата во Крушопек министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, ја загрози целата меѓународна акција, рече дополнителна заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

– Чулев како и во сите претходни околности избрзува и некогаш со недоволно информирање создава уште поголем хаос во јавноста, затоа што ова е едно од прашањата коешто беше дискутирано на проширениот состав на управувачкиот комитет и ова е решение коешто го предложив јас. Тоа не е ново решение, само зедов пример од земји кои во минатото се соочиле со сличен ваков проблем и на ваков начин го решиле- рече Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот