Петровска: Целосно се дистанцирам од Студијата за Гасоводот на Водно работена во 2011

Ана Петровска
Ана Петровска / Фото: Фејсбук, Ана Петровска

Јас не сум работела само за Скопје, Гостивар, Кичево, туку за целата гасоводна мрежа за потребите на тогашен простор Куманово. Понатаму, деловите од она што јас сум го работела биле преземени од Технолаб и навистина не знам во која верзија тие делови се преземани, и како изгледа последната верзија на студијата работена во 2011 година, ниту можам да преземам одговорност за нешто што не сум потпишала, изјави денеска кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска.

На новинарско прашање за Студијата за гасоводот на Водно, за која државната секретарка за животна средина, Каја Шукова, посочи дека Технолаб ја ангажирале сегашната кандидатка на Зелен хуман град како надворешен експерт и поради тоа, таа, како и сите што работеле на студијата, треба да сноси одговорност, Петровска изјави дека не учествувала во јавната расправа за студијата, ниту пак знае кога таа студија била одобрена, при што изјави дека целосно се дистанцира од истата.

– Јас сум работела на оваа студија во 2008 година. Студијата, според она што јас го гледам сега е од 2011, реактуелизирана, значи, користени се делови од мојот инпут, кој што сум го правела за гасоводната мрежа во цела Македонија, изјави таа.

Извор: МИА

ФОТО+ВИДЕО | Петровска: Не сум издала решение за отпочнување на изградба на малите хидроелектрани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот