Петровска: Ако побара НАТО, можно е нашата армија да се вклучи во евентуалниот руско-украински конфликт

Фото; МИА

Министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека е можно македонската армија да се вклучи во евентуалниот воен конфликт меѓу Русија и Украина, доколку тоа од нас го побара НАТО. Ваквиот потег би бил можен само со согласност од врховниот командант на армијата, претседателот Стево Пендаровски, нагласува таа.

-Ангажманот на нашата армија се дефинира на конференција за генерирање на сили кои се оддржуваат под Врховна команда на сојузничките сили на НАТО за Европа и секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно можностите. Во моментов имаме обврска и изготвуваме анализи за можноста за потенцијално наше учество во можната деескалација на ситуацијата. Одлуката после ја носи Владата, но и претседателот како врховен командант, рече Петровска во интервју за ТВ Телма.

Министерката го повтори вчера изнесениот став дека Македонија го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

-Како земја членка на НАТО ја поддржуваме и се залагаме за политика на отворени врати и правото на секоја земја за самоопределување. Во тек се дипломатски преговори за мирно решавање на спорот и таквиот тек го поддржуваме како држава. Засега немаме барање од Русија за некако повлекување на НАТО, како што побараа од Бугарија и Романија, рече Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот