Петровиќ: Моите играчи беа одлични, имаа контрола на целиот натпревар против Мега

МЗТ Скопје Аеродром триумфираше во СЦ „Јане Сандански“ против Мега МИС/фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

Момците во „сино-бело го издржаа притисокот, го оставија срцето на терен и на крајот заедно со навивачите, ја прославија значајната победа над Мега МИС од Србија (94:82), втора сезонава во АБА-лигата.

Тренерот на МЗТ, Александар Петровиќ вели дека неговиот тим одигра одлично и дека имаше контрола на целиот натпревар.

– Тоа што се договоривме, момците го испочитуваа. Пак малку затаивме во првото полувреме во скокот. Но, со добра игра го регулиравме скокот во вториот дел. Ривалот во првиот дел имаше 10 офанзивни скокови, а три-четири во второто полувреме на почетокот од третата четвртина. Во тој сегмент беа подобри, но ние бевме одлични во сите други параметри. Имавме седум играчи со двоцифрен број на поени, дисциплината беше на врвно ниво, презадоволен сум. Одиме напред, ништо не е решено, ова е голема победа за нас. Со едно залагање, со тимска игра можеме да направиме добри резултати сезонава со цел да се обезбеди опстанок – рече Петровиќ по мечот со Мега МИС.

Следен јадрански ривал на македонскиот шампион е Игокеа на која ѝ гостуваат следната недела.

Веќе за два дена „металците“ имаат нова обврска во домашната Прва лига и тоа против Чаир 2030, меч кој исто така ќе го одиграат во СЦ „Јане Сандански“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот