Петров: Со едукација да дојдеме до декриминализација и легализација на канабисот

Во овој период најважно е да се демистифицира прашањето за канабисот и преку сеопфатен процес на едукација да се проценат предностите од користењето на ова растение, изјави потпретседателот на СДСМ, Коста Петров во обраќање на Форумот за канабис, на кој се дискутираше за можностите, политичката волја и ангажманот на граѓанските организации во процесот на декриминализација и легализација на канабисот.

– Овој форум е доказ дека општеството се демократизира. Дискутираме на тема која и натаму за некого е табу, но сепак е добро што ги разговараме можностите. Едукацијата и демистификацијата се прво на кое треба да се посветиме. Се уште се етикетираат корисниците на канабис како наркомани. Заеднички мораме да работиме на едукацијата, која има здравствен аспект, но и економски, изјави Петров.

Тој посочи дека целиот процес ќе трае долго, но ако постои политичка волја и посветеност на граѓанските организации тој може да успее, при што го потенцираше и економскиот бенефит.

– Заеднички да ги дефинираме, прво декриминализацијата, а потоа да дискутираме како ќе оди процесот, кој модел ќе го следиме, дали ќе имаме комбиниран модел, дали како Холандија, Португалија или Италија. Ова е процес што ќе трае, но со добра политичка волја и со фокус на едукацијата ќе ги видиме сите ефекти на канабис. Човечкиот аспект е исто важен, има луѓе кои се корисници и кои биле фатени со еден џоинт, а сега не можат да извадат потврда за неосудуваност затоа што имаат пресуди. Економскиот бенефит не може никој да го негира. Само во Канада влегоа 8.4 милијарди долари, имаше 10 000 вработувања, а црниот пазар падна за 20 отсто, истакна Петров.

Тој нагласи дека СДСМ ги следи европските процеси, се модернизира и настојува да отвори дебата за сите теми за кои постои интерес кај граѓаните.

– Самиот факт што сум тука значи дека ние во партијата сериозно дискутираме на оваа тема. Но, ние сме модерна и европска партија и ги следиме процесите. Граѓанските организации имаат конкретни барања во врска со канабисот и ние мораме да зборуваме за нив. Некогаш работите не се одвиваат со темпо како што посакуваме, но ако вака, како денеска дискутираме, тогаш ќе дојдеме до решение. Ова е историска можност, се отвораат економски перспективи, примерите се бројни. Ние во партијата зборуваме за ова и поддржуваме процес на декриминализација, нагласи Петров, додавајќи дека не го знае ставот на СДСМ од претходно, но дека сега тој став се менува и токму неговото присуство на форумот многу зборува за подготвеноста на партијата да учествува во процесот на декриминализација на канабисот.

Тој во обраќањето ја нагласи и важноста на едукацијата во целиот овој процес, која, како што рече, има и здравствен и економски аспект.

ВИДЕО | „Билка“: Не може вие да сте бизнисмен со огромен број растенија, а јас со три грама канабис да бидам криминалец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот