Петров: Следува петти пакет мерки, 2021 е година за рестарт на македонската економија

Петтиот пакет мерки за помош на економијата и на граѓаните кои се погодени со корона-кризата е во финална фаза, една мерка е најавена, а ќе се соопшти целиот пакет, ќе се зачуваат работни места, ќе овозможи отворање на нови и ќе помогне да имаме силен рестарт во 2021 година, истакна потпретседателот на СДСМ, Коста Петров во дебатната емисија „24 Анализа“ на ТВ 24.

Тој додаде дека петтиот пакет, како и претходните мерки и буџетот на државата, се донесува консултативно, инклузивно со стопански комори, синдикати, економски експерти, предвидувања, а мерките ќе бидат таргетирани како и претходните пакети, па и најавените мерки всушност ќе помогнат за рестартирање на македонската економија.

– Ние дадовме максимум во испорачување на мерките, кризата започна во март, ние веќе на 19 март го имавме првиот пакет мерки, крајот на март дојде вториот пакет, третиот во мај, крајот на септември беше најавен четвриот пакет и веќе работиме на петтиот пакет, истакна Петров, додавајќи дека е факт дека живееме во светска криза, поголеми економии од нас имаат поголема криза.

– Никој не може да даде точна проценка како ќе изгледа економијата утре, но во соработка со коморите, со експертите, со синдикатите, ќе биде оваа година на подобрување, истакна Петров и се осврна на дел од мерките содржани во пакетите во вкупна вредност од една милијарда евра.

– Дел од мерките се директно буџетски, а дел имаат финансиски импликации. Направивме ослободување на кредитна линија, воведовме царинска гаранција од три милиони евра, намалување на царински давачки, ставање во мирување на Законот за извршување, намалување на казнената камата, ослободување од ДДВ за донации, намалување на ДДВ во угостителски услуги, истакна Петров.

Тој меѓу мерките финансирани со буџетски средства, наведе дека „само Ковид 1 имаше седум милиони евра, имавме 81,3 милиони евра за поддршка на плати, а беа опфатени преку 46.000 вработени, само во декември годинава, 50 милиони евра евтини кредити, субвенционирање на придонеси за април, за мај и за јуни, 26,8 милиони евра имаше за „купувам домашно“, финансиска помош за конкуретност, за социјални ранливи категории 24 милиони евра, награда за здравствени работници, поддршка за социјално ранливи категории, за производители на грозје седум милиони евра, 1,3 милиони евра за туристичките агенции“.

– Иако ова се бројки, сепак 120.000 работници се помогнати, тоа се 120.000 семејства, со Ковид 1 се опфатени 737 компании, со Ковид 2 – 639 компании, со Ковид 3 – 1 276 апликации, наведе Петров.

Ефектите од мерките се повеќе од очигледни, има огромна разлика од ефектите од вториот, кон третиот квартал минатата економија, како и според перформансите на економијата во последниот квартал во 2020 година, истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров во дебатната емисија „24 Анализа“ на ТВ 24.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот