Петров: Пратениците во Собранието се колнат пред Уставот и граѓаните, тука не вредат нотарски изјави

Андреј Петров во гостување на Канал 5 / фото: Канал 5/принтскрин

„Пратениците во Собранието се колнат пред Уставот и пред граѓаните што ги избрале. За пратениците, независно од нивната партија, важно е нивното убедување. Тука не вредат нотарски изјави, како што имаме и примери од други земји, пратениците одлучуваат автономно, независно од партијата“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров, во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека треба да ферментира сознанието за преземените обврски на земјава, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.

„Независно дали сте власт или опозиција, ние пред меѓународната заедница ја презентираме државата и како држава имаме обврска која е преземана и треба да се спроведе. Темата за уставните измени се подигна непропорционално високо во јавната дебата“ рече Петров.

Тој додаде дека ова е тема за која долго се дебатира и дека дел од луѓето кои сега се спротивставуваат, беа заговорници за внесување на одредени заедници во Преамбулата на Уставот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот