Петров ги коментира изјавите на Димитров: И кога паѓате, треба да го одржите нивото

Фото: ТВ24/принтскрин

„Не можете на два дена пред заминување од Влада да кажувате колку сега тоа не чинело, а вие сте биле таму, вели членот на ЦО на СДСМ и поранешен генерален секретар на партијата, Андреј Петров, во емисијата „24 анализа“, говорејќи за вчерашните изјави на вицепремиерот Никола Димитров, кои ги нарече „Тоа е класичен клиентелизам.“

Според него, постапката на Димитров „од човечки аспект е непристојна“.

-Нивото не треба да гo губите и кога паѓате. Тоа е големината на луѓето. Вториот аспект е дека тој истакна дека меѓународни пријатели барале да биде премиер, но немало волја во коалицијата, што за мене не е умесно. Во парламентарна демократија граѓаните на избори го бираат премиерот. Македонија не е протекторат.

Третиот аспект е нападот кон Османи. Тоа прати една катастрофална лоша порака, а со човекот до вчера сте седеле на иста маса и сте ги кроеле политиките. Ова е неславен крај, потенцира Петров и додава што најмногу му пречи.

-Луѓето кои влегуваат во партиите како во драгстор и да земат се што им треба и потоа на првата кривина викаат „ајде чао, јас моето го завршив“.

Видео на денот