Петриња повторно се тресеше: Земјотресот почувствуван и во Загреб

epa08918490 A woman walks with some children near tents set up as temporary shelters in the Strasnik village, near Petrinja, 04 January 2021. The 6.4 magnitude earthquake that struck Croatia on 29 December 2020 left many houses in Petrinja, Sisak and the Glina area damaged or destroyed many and another 4.2 magnitude aftershock was measured earlier on 04 January 2021. The 29 December 2020 earthquake left numerous people injuried and at least seven people dead. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Повторно земјотреси во Хрватска – најсилниот во Петриња кој бил со јачина од 4,1 степени по Рихтер и на длабочина од 10 километри. Земјотресот се случи во 4.55 часот и се почувствувал и во Загреб.

Проценката на институтот Геофон е дека интензитетот бил 4,1 степени според Рихтер, а според ЕМСЦ магнитудата била 3,4 степени со епицентар на околу два километра од Страшник, околу пет километра од Петриња.

Само десет минути подоцна се случил послаб земјотрес кај Карловац со магнитуда од 2,7 степени, со епицентар 17 километри североисточно од центарот на градот. Првиот од низата земјотреси бил во 3 часот и 45 минути.

Видео на денот