Петраков: Македонија е многу добар тим, секако не можеме да очекуваме лесна победа
Во вторник од 20.45 часот македонската фудбалска А репрезентација ќе го игра вториот натпревар од Лигата на нации во Ц сегментот против Ерменија на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.
На прес-конференција своите очекувања ги споделија ривалите на нашите најдобри фудбалери.
– Македонија е многу добар тим, и секако дека не можеме да очекуваме лесна победа. Тоа не е во нашата ДНК, но очекуваме цврст натпревар – се зборовите на ерменскиот селектор Александар Петраков.
Свој коментар имаше и централниот бек на ерменската селекција, Андре Чалишир:
– Среќни сме за победата (4:1) над Летонија на стартот, но сега очекуваме тежок натпревар. Одиме чекор по чекор, и се надеваме на најдоброто, и го дадеме максимумот на секој меч. Мораме да бидеме скромни, а радува тоа што нашите навивачи се со нас, и голема благодарност до нив за поддршката на последниот дуел – вели Чалишир.
Главен судија на утрешниот натпревар ќе биде Харм Осмерс од Германија.
Милевски: Директните дуели со Ерменија ќе го одлучат патникот во следната фаза