Петр Павел: Трамп би можел да се договори со Путин, тоа не е во интерес на Европа

epa11705605 President of the Czech Republic Petr Pavel arrives at the Federal square in front of the Federal Palace, the Swiss Parliament building, in Bern, Switzerland, 06 November 2024. President Pavel is on a state visit to Switzerland. EPA-EFE/ANTHONY ANEX / POOL

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би можел да се обиде да преговара со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната против Украина, но таквиот договор веројатно нема да биде во најдобар интерес на Европа или Украина, изјави чешкиот претседател Петр Павел.

– Таков договор најверојатно нема да биде во наш (европски) интерес, ниту во интерес на Украина. Затоа што на Русија едноставно и дава дел од окупираните територии, со порака до Украина дека нема да стане членка на НАТО најмалку 20 години, рече Павел на отворањето на самитот во Прага за одбран, пренесува порталот РБК Украина.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот