„Петорката“ нема да учествува во преговорите за формирање на нова влада во Косово

Фото: Принтскрин

„Нема да учествуваме во посредување. Ги охрабруваме сите политички играчи во Косово да се фокусираат на барањата на народот на Косово“, истакнува Петорката.

Амбасадите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД (Петорката) во Косово објавија изјава во која го објаснуваат својот став дека нема да учествуваат како посредници во преговорите меѓу Самоопределување и Демократската лига на Косово (ЛДК) за формирање на нова влада, пренесоа бугарски медиуми повикувајќи се на косовскиот весник Газета експрес.

– Би сакале да го разјасниме нашиот став за процесот на формирање влада во Косово. Како што е наведено во нашата изјава од 30 август 2019 година, ние претставуваме нации кои се длабоко посветени на демократско и независно Косово. Секој предлог нашите влади да поддржат одредена партија или кандидат за избори е погрешен … одговорноста за иднината на Косово, за лидерите на Косово и за самото Косово е единствено на вас, народот на Косово, стои во изјавата.

– Нема да учествуваме во посредување. Ги охрабруваме сите политички играчи во Косово да се фокусираат на барањата на народот на Косово, истакнува Петорката.

Изјавата следуваше откако Самоопределување и Демократската лига на Косово (ДЛК) ги замолија амбасадорите на Петорката и шефот на канцеларијата на ЕУ во Косово да помогнат во свикувањето состанок, потсетуваат бугарските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот