Петнагон и јапонската армија направија воен план за одбрана на Тајван, од евентуална кинеска инвазија

Вежба на кинеската војска/Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Јапонските и американските вооружени сили направија план за заедничка операција при евентуална ескалација на ситуацијата во Тајван, објави јапонската агенција Кјодо, повикувајќи се на неименувани извори од јапонската Влада.

Фото: Профимедиа

Ваквиот развој на настаните веројатно ќе предизвика реакција на Кина, која го смета Тајван за одметничка провинција и која треба повторно да се обедини со главната територија на Кина, па дури и со сила доколку е потребно, наведува јапонската новинска агенција.

Фото EPA-EFE/I ARMY

Според нацрт-планот, американските трупи ќе формираат времена база за првичниот напад на островите Нансеи, синџир што се протега од југозападните јапонски префектури Кагошима и Окинава кон Тајван.

На Окинава постојат голем број инсталации на американската војска во Јапонија.

EPA-EFE/VASSIL DONEV

Американските трупи ќе добијат поддршка од јапонските одбранбени сили за испраќање војници на островите (Нансеи) доколку се случат „непредвидени настани” на Тајван, додаваат владините извори.

Меѓутоа, таквото распоредување би ги направило јапонските острови цел на кинеската армија, што би ги загрозило жителите, наведува Кјодо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот