Петнаесетгодишен кумановец со возило удрил во бетонска жардињера, двајца повредени

Во текот на вчерашниот ден било пријавено дека во Куманово на булеварот „Октомвриска револуција” патничко моторно возило „форд фокус” управувано од 15-годишник од Куманово удрило во бетонска жардињера, па во метална врата од сервис за миење автомобили.

Како шти соопшти МВР, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, а со телесни повреди се здобил друг сопатник Ф.Ј.(18) двајцата од Куманово, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот