Ослободени палестински затвореници/Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Петнаесет палестински затвореници ослободени од Израел пристигнаа во Турција

Петнаесет палестински затвореници ослободени од Израел според договорот за прекин на огнот со Хамас од 19 јануари пристигнаа во Турција откако беа депортирани во Египет, соопшти прес-службата на Хамас за затворениците.

Тие се првите што ги прифати трета земја, освен Египет, според условите на договорот за прекин на огнот, кој им забранува на затворениците осудени од Израел за насилни напади да се вратат на палестинските територии.

За Палестинците, овие нивни сонародници затворени заради борба против Израел се херои на отпорот.

Турски безбедносни извори изјави дека 15 палестински затвореници се очекува да пристигнат преку Египет, но не даде дополнителни детали.

Првата фаза од прекинот на огнот доведе до ослободување на 18 заложници од Хамас и 583 палестински затвореници од страна на Израел, од кои најмалку 79 беа испратени во Египет. Како оние што одат во Турција, некои може да одат во Алжир или Катар, велат извори од Хамас.

Се очекува денеска во Белата куќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговара за прашањата за Газа и Иран.

Војната во Појасот Газа започна со напад на милитантите предводени од Хамас на 7 октомври 2023 година врз Израел во кој загинаа 1.200 луѓе, додека најмалку 250 други беа земени како заложници. Израелската воена кампања предизвика смрт на најмалку 47.000 Палестинци и ја претвори палестинската енклава во урнатини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот