Петнаесет лица од тетовско заработија кривична пријава за вршење јавен превоз без лиценца

СВР Тетово поднесе кривични пријави против петнаесет сторители поради постоење основи на сомнение за сторени петнаесет кривични дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца”.

Од МВР информираа денеска дека кривични пријави се поднесени против: Х.И. (60), Б.В.(55), С.П.(60) тројцата од Тетово, И.О.(31), Б. Б. (47), двајцата од с. Пирок, Ш.И.(59) од с.Д.Палчиште, С.Е.(34) од с.Добарце, М.М.(53) од с.Г.Палчиште, М.М.(30) од с.Калник, О.М.(20) од с.Непроштено, В.М(48) од с.Беловиште, Д.В.(58) од с.Рогачево, Љ.К. (53) од с.Старо Село, С.И. (38) од с.Голема Речица, и Н.Н(56) од с.Боговиње

– СВР Тетово од 29 септември 2020 до 3 ноември 2020 спроведе повеќе акциски контроли со цел утврдување нерегуларности во вршењето на јавен превоз при кои било констатирано дека горепријавените лица во својство на превозници, вршеле јавен превоз, без да поседуваат соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници во патниот сообраќај, се појаснува во соопштението од МВР. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот