Петнаесет ерменски војници убиени во судир со азербејџанската војска

Азербејџанска војска Азербејџан
Азербејџанска војска / Фото: EPA-EFE/ROMAN ISMAYILOV

Ерменскиот Парламент денеска соопшти дека 15 ерменски војници загинале во судирите со азербејџанските сили на границата. Непосредно пред објавата, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека се заробени дванаесет војници.

Претходно денеска, Ерменија побара од Русија да ѝ помогне да го одбрани својот територијален интегритет од Азербејџан.

– Интензитетот на борбата не е намален. Како резултат на одмаздата на ерменските сили, непријателот претрпе големи загуби, а десетина оклопни возила беа уништени или оштетени. Загуби има и ерменската страна. Се вршат проверки, а 12 ерменски војници се заробени, објави ТАСС.

Најновиот конфликт е продолжување на тензиите меѓу двете земји, кои минатата есен се бореа за превласт во регионот Нагорно Карабах, енклава на територијата на Азербејџан каде Ерменците се мнозинство и во која се одвиваше крвава војна во 1990-тите.

Повеќе од 6.000 луѓе беа убиени во минатогодишниот конфликт, а тој заврши со пораз на Ерменија, која мораше да се откаже од контролата врз голем дел од енклавата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот