Петнаесет демонстранти се врзаа на влезот во израелскиот Кнесет

Група од околу 15 демонстранти кои протестираа против владината политика утринава се врзаа на влезот во Кнесетот, пренесе весникот „Џерусалим пост“.

„Место да ги решаваат проблемите на домаќинствата, да се борат да го спречат постојаното зголемување на трошоците за живот и да го обноват образовниот систем, членовите на владејачката коалиција вршат режимски упад, создаваат опасни насилни милиции, го отфрлаат законот што ќе ги штити жените и намерно не водат сите ние во граѓанска војна од лични интереси“, наведуваат демонстрантите.

Претходните недели во Израел беа обележани со масовни протести на граѓаните кои се противат на владините правосудни реформи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот