Петмина загинати во ерупција на вулкан на Нов Зеланд, најмалку 20 повредени (ВИДЕО)

Петмина загинаа, а неколку лица се повредени денеска во ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров (White Island), популарна туристичка дестинација каде се верува дека во време на ерупцијата имало најмалку 50 луѓе.

– Дел од нив беа транспортирани на брегот, и најмалку еден од нив беше во критична состојба, се вели во полициското соопштение.

Здравствените служби  соопштија дека имало дваесетина повредени.

Вулканологот Бред Скот изјави пред локална радио станица дека станува збор за силна ерупција.

Како што соопшти новозеландската полиција, во моментот на ерупцијата на островот се наоѓале 50 лица.

Спасени биле 23 а сите повредени се здобиле со изгореници, кои биле предизвикани од жешката пареа  на ерупцијата на вулканот, која била од околу 1000 степени целзиусови.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот