Петмина убиени во ноќен клуб во Бразил – Слободен печат
ВестиПланета

Петмина убиени во ноќен клуб во Бразил

Напаѓачите носеле качулки, а пред да избегаат, ги собрале паричниците и мобилните телефони на жртвите.

Пет лица загинаа, а четворица се тешко повредени при пукање во ноќен клуб во јужен Бразил, јавуваат денеска локалните медиуми.

Пукањето се случило кога група вооружени лица упаднале во еден клуб во градот Мостардас и почнале да пукаат кон гостите и вработените.

Напаѓачите носеле качулки, а пред да избегаат, ги собрале паричниците и мобилните телефони на жртвите. Полицијата соопшти дека ниту една од жртвите немала криминално досие.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close