Петмина скопјани го прекршиле полицискиот час

За секое од петте обвинети лица надлежните јавни обвинители му предложија на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.

Против пет лица од Скопје Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог заради сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Сите обвинети ја прекршиле Одлуката со која се забранува движењето на населението во Република Северна Македонија, при што еден од нив бил затекнат на 23 март во 21:25 часот како управува со патничко моторно возило Фолксваген пасат по пристапниот пат кон с. Сарај, скопско. Останатите четворица, пак, во 01:30 часот на 24 март се движеле со патничко моторно возило Гранд Чироки во с. Арачиново, скопско.

За секое од петте обвинети лица надлежните јавни обвинители му предложија на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот