Петмина административци од Општина Аеродром во самоизолација

Пет административци од Општина Аеродром се во самоизолација поради тоа што имале допир со некој што е потенцијално заразен со коронавирус, потврди за „Слободен печат“ градоначалникот Златко Марин.

Пет административци од Општина Аеродром се во самоизолација поради тоа што имале допир со некој што е потенцијално заразен со коронавирус, потврди за „Слободен печат“ градоначалникот Златко Марин.

-Имаме пет луѓе во самоизолација, потпишаа изјава, зашто имале допир со некој кој е потенцијален со коронавирус. Имаме вработен чија сопруга работи на Инфективното одделение. Кај нејзе не е констатиран вирусот но е ставена во карантин. Нејзиниот сопруг е комунален инспектор кај нас. Сите што биле во допир со нејзиниот сопруг се во самоизолација, со потпишана изјава од понеделникот, ни рече Марин.

Тој додаде дека општината функционира според препораките на владата и секоја работа што може да се заврши од дома, административците ја вршат на тој начин додека сите сектори и одделенија имаат минимум вработени за да се одвива непречено работата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот