Петличковски: Над 70% да се имунизира населението за да се спречи ширењето на коронавирусот

Петличковски

„Вирусот може да се шири на индивидуи кои не се имунизирани, имунизацијата може да биде заради прележување на болест или заради вакцинација. Ние една третина сме завршиле од имунизацијата, но исто така е важно колку брзо ќе се затвори просторот за ширење на вирусот. Затоа е важно таа една третина на имунизирано население да се пополни многу брзо со доволен број што ќе претставува тешкотија на вирусот да се продолжи неговото ширење“, посочува д-р Петличковски.

Тој додава дека тој доволен број, според новите сознанија, не е веќе над 70% туку над 80% од населението.

„Треба да постигнеме вкупна бројка од 80%, сега бројката никој не може да ја одреди, но пример кај морбилите е неопходно да биде имунизирано 95% од населението затоа што тоа е контагиозна инфекција. За коронавирусот проекциите за колективен имунитет на почетокот беа околу 60-70%, но со оваа зголемена преносливост и полесно пренесување на британскиот сој прагот на популацијата која треба да биде имунизирана за да наштети на ширењето е веќе над 70%, а сега зборуваме за вкупното население околу 80%, можеби и нешто над со цел да го видиме крајот на епидемијата“, порачува Петличковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот