Петличковски: Лицата што прележале коронавирус имаат солиден имунитет шест месеци

Доктор Александар Петличковски/ фото: Архива на Слободен печат

Лицата коишто прележале коронавирус да причекаат шест месеци пред да примат вакцина бидејќи имаат солиден имунитет и местото треба да им се препушти на оние коишто воопшто немаат имунитет, рече во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, Александар Петличковски.

– Најразумен пристап во моментот за нас е тие што ја прележале болеста да причекаат шест месеци и потоа, веројатно ќе се кристализира оваа стратегија – тие со прележана болест да примат само една доза. Мислам дека натаму оди размислувањето во Европа. Но, во првите шест месеци тие имаат солиден имунитет и местото за вакцинирање треба да се препушти на тие што немаат никаков имунитет, вели Петличковски.

Исто така, Петличковски рече дека е невозможно да имаме околу 115 реинифицирани со ковид-19 во земјава, бидејќи тоа е многу редок случај и во светски рамки каде се регистрирани десетина случаи.

– Невозможно е да имаме 115 случаи на реинфекција, кога во светот се детектирани од 10 до 15 такви случаи. Теоретски реинфекцијата е можна, но тоа е толку многу редок настан што нема шанси во Македонија да има толку случаи на реинфицирани. Тоа би значело дека од околу 100 илјади заразени, околу 10 отсто имаме реинфицирани и дека никогаш нема да излеземе од кругот на пандемијата, а тоа не е случај, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот