Петковски за СП: Ништо ново од Белата палата, држат тензија, а се крстат Заев самиот да ја заврши работата со оставката

Тито Петковски, лидер на НСДП/ Фото: Архива на слободен печат

Коментирајќи ја последната прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека точно знаат што прават и во што се впуштаат, свесни за енергетската криза и пандемијата зошто имаат методологија за тоа како да ги надмината сите предизвици, Тито Петковски, лидерот на НСДП, коалициски партнер со власта за „Слободен печат“ изјави дека опозицијата само држи тензија и повторно ја користи истата реторика.

-Држат тензија оти владата може да падне, а всушност се крстат Заев самиот да им ја заврши работата со оставката, дека знаат подолг ќе им биде патот, прво да ја срушат владата со недоверба, а потоа од шефот на државата да побараат мандат. Пет години исто зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ само во друга обланда. Не бива ништо од таа работа. Тие можат да срушат влада, ама ќе пукне тиквата кога нема да можат да работат поради сите негирања од Левица и тоа што од Левица не можат да го „сварат“ Албанците, а неодамна слушнавме и од Мицкоски како го смени ставот за Преспанскиот договор кога и самиот си призна дека тоа е реалност, рече Петковски за „Слободен печат“.

Мицкоски попладнево изјави дека доколку не успее да состави влада која ќе работи со полна ефикасност потребна за справување со кризите, борба против корупцијата и криминалот, тогаш она што преостанува како единствена опција се брзи предвремени парламентарни избори, за „народот на Македонија да одлучи за новата иднина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот