Петковски: Радев е докажан националшовинист, а во валканата игра е вклучена целата ЕУ

Тито Петковски. / Фото: Архива на Слободен печат

Претседателот на Нова социјалдемократска партија (НСДП), Тито Петковски со објава на Фејсбук реагираше на бугарското вето за Македонија, а ги искоментира и изјавите на бугарскиот претседател Румен Радев.

– Румен Радев говори дека „нема ‘да’ за Македонија сѐ додека не се искорени изопачениот став кон Бугарија“. И тоа воопшто не ме вознемирува. Станува збор за докажан популист и националшовинист кој се бори за втор претседателски мандат.

Многу повеќе ме загрижува втората и за него најважната причина за бугарското вето, која папагалски ја повторува при секој јавен настап дека „Бугарија нема да дозволи кражба на историјата“.

Ароганцијата и нескриениот триумфализам при неговата изјава од Брисел за бугарското „не“ на преговарачката рамка произлегува од фактот што тоа се зборови кои се обиде Германија да ги протне во преговарачката рамка за време на германското претседателство со ЕУ. Како што е познато, тие зборови отпаднаа по силното противење на Чешка и Словачка.

Радев сакаше само да покаже кој ја подржува Бугарија во овој „изопачен“ однос на Бугарија кон Македонија. Најжалосно од сѐ е што во оваа валкана игра на Бугарија е вклучена целата ЕУ, пишува Петковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот