Петковски: Очекувам ниска излезност и долго време да се прави влада, посакувам некој конечно да излезе со политичка визија за наредниве 10 години (ВИДЕО)

Партиите имаат ѓаволски тешка работа да ги привлечат граѓаните да излезат да гласаат. Од тука произлегува по онаа бизарност во спотовите. Очекувам ниска излезност. Не видов дека нешто се промени во последниве недели. Останува таргетирањето преку социјалните мрежи, да се проба уште некој глас да се добие, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ граѓанскиот активист и доскорешен извршен директор на Центарот за Европски стратегии – Евротинк, Љупчо Петковски.

Говорејќи за рејтинг агенциите и кој ги прави тие анкети, Петковски вели дека сите анкети се 3+ процентни поени за водечките партии.

-Горе-доле тука се бројките. Кај нас анкетите се прават за создавање на јавното мислење и перцепција на победник кон која евентуално би се приклучиле луѓето. Тешко е телефонски да се работи анкета и затоа најдобра е теренската анкета кој во време на КОВИД-19 е многу тешка, вели Петковски.

ПОМАЛИ ПАРТИИ

-Проблем кај партиите, оние помалите откако ќе влезат во коалиција, кога ќе најдат „топло“ место тие и не ни пробуваат да ги презентираат своите ставови. Тие се делови од клиентелистичката мрежа на поголемите партии. Исто така тука сме се изнагледале и „шалтачи“, кои гледаат кој ќе дојде на власт и таму се прешалтуваат.

ПОСТИЗБОРНИ МАТЕМАТИКИ И РАЗВОЈНИ ПОЛИТИКИ

Очекувам долго време да се прави влада. Резултатите ќе бидат многу тесни што дополнително ќе ја исцрпат енергијата на граѓаните. Јас посакувам некој конечно да излезе со политичка визија што ќе се прави наредниве 10 години. Пристапувањето кон ЕУ не е комопензација за недостатокот на политичка визија кај политичките елити, вели Петковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот