ПЕТКОВИЌ ЗА ИЗЈАВАТА НА ХАРАДИНАЈ: Белград нема да наседне на заканите на Приштина!

Фото: Архива на СП

Белград никогаш не паѓал, ниту ќе падне на нечии закани и провокации што доаѓаат од Приштина, ниту ќе одговориме според истата матрица, изјави денеска директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Петар Петковиќ одговарајќи му на Рамуш Харадинај, во врска со неговата изјава за референдумот за обединување на Косово со Албанија.

Во писмената изјава доставена до медиумите, Петковиќ изјави дека најновите закани за создавање на „Голема Албанија“, доколку Србија не го признае Косово, всушност се оние, според него залудни надежи на Харадинај дека Белград со таксите од 100% ќе го натера да го признае Косово.

– Ние тогаш се спротивставивме, ќе се спротивставиме на сите закани и уцени и во иднина, бидејќи мирот е наш прв приоритет – рече тој.

Директорот на владината канцеларија вели дека оние кои се поблиску до изборите покажуваат нервоза, затоа би сакале да се обидат да го подигнат својот политички рејтинг преку името на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и антисрпската реторика.

Тој наведува дека е познато уште од времето на Призренската лига дека постои идеја за создавање на таканаречената „Голема Албанија“ и во таа смисла вели дека нема потреба никој во Приштина да се преправа и правда дека дошол до оваа идеја поради наводната пасивност на Брисел.

Петковиќ нагласува дека затоа ниту Брисел, ниту Вашингтон, ниту другите центри на моќ не смеат да молчат на ваквите „растреперувања на оружје и закани за создавање вештачка и етнички исчистена творба, опасна за мирот и стабилноста на целиот Балкан“.

– Секое отсуство на реакција на ваквите опасни намери може да се сфати како премолчен договор. Затоа е потребно ЕУ јасно и недвосмислено да ги утврди своите постапки од Приштина – додаде тој.

Петковиќ потенцира дека Белград не се плаши од ничии закани и дека секогаш ќе знае како на најдобар начин да ги заштити интересите на својот народ.

– Како и да е, колку и да се обидува некој во Приштина да не принуди да реагираме непромислено, нашиот одговор секогаш ќе биде во духот на зачувување на мирот и стабилноста – заклучи директорот на владината канцеларија за Косово и Метохија.

 

 

 

Харадинај до Вучиќ: Треба да го признаете Косово за да спречите создавање на „Голема Албанија”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот