Петков за Радев: Паднаа маските, уморен сум од кукавици

Кирил Петков
Кирил Петков пред Народното собрание на Бугарија / 22 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Ми се допаѓа францускиот предлог. Мислам дека не може да има таков друг предлог. Парламентот мора да одлучи, ќе си останам на зборот. Ова го изјави бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков кој престојува во Брисел на Самитот на ЕУ, каде се очекува одлука дали Бугарија ќе го крене ветото за македонските преговори за членство во ЕУ.

– Јас сум премиер, му ветив нешто на бугарскиот народ и останувам на зборот. Се надевам дека во наредните денови Народното собрание ќе донесе одлука за ова прашање. Имаме историски момент да можеме да ги задржиме сите наши бугарски интереси, работи за кои сме сонувале и со овој предлог да го заштитиме бугарскиот интерес долго време – рече Петков.

Претседателот не може да не го свокува Советот за национална безбедност и да се крие на различни места, додаде Петков.

– Ако си претседател на лице место, се јавуваш во Советот, во служби, партии, седнуваме, дискутираме и излегуваме. Паднаа маските, се изморив од кукавици – рече Петков.

Пратениците втор ден не можат да соберам кворум, додаде премиерот, изненаден сум, но очигледно се плашат и не можат да изберат претседател на Народното собрание. Никој да не се обидува да го пренесе жешкиот компир во трацете на премиерот за сам да одлучи.

Ако сте државник, одете во комисија и нека се донесе вистинската одлука, им порача Петков на пратениците од надворешната комисија во Народното собрание. Оваа милитантност е типична за господинот Борисов. Ова го гледаме веќе 12 години, нагласи Петков.

ВИДЕО: Театар пред домот на Кирил Петков, од ВМРО му протестираа пред влезната врата

Над 3.000 бугарски граѓани ја поддржаа владата на Петков пред патријаршската катедрала „Св. Александар Невски“

Светски медиуми: Падот на владата на Петков ја фрла Бугарија во политички хаос

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот