Петков: Подготвуваме заедничко чествување на Гоце Делчев

Димитар Ковачевски и Кирил Петков /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Димитар Ковачевски е премиер на РС Македонија една седмица, и четири од тие осум дена ги помина со бугарската Влада. Ова укажува на желба да се заврши работата, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, кој денеска на барање на партијата ГЕРБ одговара на прашања за средбите со премиерот Ковачевски, објави БГНЕС.

– Министрите кои дојдоа во Бугарија беа во огромен број и постигнавме голем напредок во повеќе области. Потпишавме три меморандуми, кои беа во многу клучни области, вклучувајќи го и Коридорот 8. Тој испадна од листата на европски проекти, ако сакаме да го вклучиме тоа ќе се случи со заедничка работа, рече Петков.

Тој рече дека додека траеле разговорите за економијата и инфраструктурата, двете страни разговарале и за теми кои се важни за Бугарија – правата на Бугарите во РС Македонија и рамковната позиција.

– Ковачевски рече дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во РС Македонија во нивниот Устав. Тој не се обврза со време, изјави Петков.

Според него, има многу декларации од двете страни, но вистинската работа не е завршена.

– Организиравме календар за состаноци на секои седум дена. Ме радува што дури и Историската комисија потврди дека ќе имаат три средби во наредните месеци. Немам намера да менувам ниту еден член на Историската комисија. Мислам дека направивме добра работа овие две недели, рече Петков.

На 4 февруари Бугарија и Северна Македонија подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање, најави бугарскиот премиер Кирил Петков во Народното собрание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот