Петков по средбата со Ковачевски: Го задржавме конструктивниот тон, не се обврзавме на рокови

Ковачевски и Петков во февруари 2022 година / Фото: Влада на РСМ

Најважно за двете влади во овој момент е да имаат конструктивен дијалог, да го продолжат и да не подлегнуваат на провокации, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков, по неговиот разговор со премиерот Димитар Ковачевски во Рим.

-Само со конструктивен дијалог можеме да продолжиме во насока на добрососедство што во моментов го посакуваат двете влади, рекол Петков.

Кога ќе се врати во Бугарија, бугарскиот премиер најавил дека ќе разговара со претседателот на Бугарија, Румен Радев, за свикување на Советот за национална безбедност, за да го претстави извештајот на МНР за односите меѓу двете земји.

-Не се обврзавме на никакви рокови, единствено што се обврзавме е да го задржиме добриот тон, министерствата за надворешни работи да продолжат да работат. Си ветивме дека ќе се зачува конструктивниот тон, порачал Петков.

На средбата присуствуваа и министрите за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска и на Северна Македонија Бујар Османи.

Претходно денеска делегациите на двете земји одржаа одвоени аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, по повод 24-ти мај, денот на Св. Кирил и Методиј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот