Петков: Огромен ангажман треба да биде добрососедството со Северна Македонија

Кирил Петков
Кирил Петков / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Новиот бугарски премиер Кирил Петков денеска ги претстави приоритетите на коалиционата влада.

Петков приоритетите ги претстави по сектори, но прва наредба на почеток на новиот мандат рече дека ќе биде: сите во Министерскиот совет мора да имаат зелен сертификат.

„Нашата прва задача е дека ако сакаме подобра иднина за Бугарија, мора да работиме заедно. Постигнавме договор со нашите коалициски партнери за политиките што се потребни за да се случи оваа промена“, рече тој.

Зборувајќи за надворешната политика Петков ја спомена Република Северна Македонија и се заложи:

-Треба да бидеме конструктивен партнер во ЕУ и НАТО. Да се ​​бориме за превласт на правото и тој да биде поврзан со европските фондови. Силата на дипломатијата и мирното решавање треба да бидат бугарски приоритет. Огромен ангажман треба да биде добрососедството со Република Северна Македонија, рече тој.

Новиот бугарски премиер Кирил Петков се закани дека ќе има нулта толеранција за корупцијата и дека ќе се следи секој еден лев кој е беспотребно потрошен. Никој нема да биде над законот и никој нема да остане неказнет, дециден е новиот бугарски премиер.

Петков најави смена на главниот јавен обвинител Гешев и реформи во обвинителството.

Тој зборуваше и за економските, енергетските, инфраструктурните приоритети, како и борбата со пандемијата, како главен приоритет во здравството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот